Дома Топ вести ПСЖ спреми тужби за Реал Мадрид и Мбапе

ПСЖ спреми тужби за Реал Мадрид и Мбапе

Сагата со Килијан Мбапе најверојатно продолжи на суд. ПСЖ планира да ги тужи фудбалерот и Реал Мадрид, бидејќи се сомневаат дека „кралскиот“ клуб го врбува младиот Французин.

Повеќе медиуми објавија дека Мбале веќе има преддоговор со „кралскиот“ клуб, но од следното лето, кога тој ќе стане слободен играч.


Чекаме казна за Даку! (ја дочекавме) ↓↓↓


На овој начин, Мбапе ќе му заштеди на Реал најмалку 250.000.000 евра, што значи дека тој ќе може да преговара за поголем бонус за потпис на договорот и за поголема плата.

ПСЖ сака да го избегне таквото сцеарио, но е немоќен бидејќи е ставен пред „свршен чин“, е подготвен да ги искористи сите правни средства за да се избори со дрскоста на Мбапе и Реал Мадрид.

ФИФА дозволува потпишување на преддоговор само кога фудбалерот ќе влезе во последните шест месеци од договорот. Медиумите во Франција тврдат дека ПСЖ проверува дали има правна основа да го тужи Мбапе, но тешко дека ќе успее да докаже дека има договор меѓу играчот и клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Далиќ подготвува големо изненадување во составот за натпреварот со Италија

Селекторот на Хрватска Златко Далиќ најави дека ќе направи промени во составот на Хрватска…