Дома Трансфер зона ПСЖ отвори „супермаркет“, 14 фудбалери на продажба

ПСЖ отвори „супермаркет“, 14 фудбалери на продажба

Француските медиуми пренесуваат дека ПСЖ ставил на трансфер листа дури 14 играчи од кои сака да се ослободи ова лето.

Новиот тренер Кристоф Галтие му пренесол на раководството дека нема да смета на нив во новата сезона. Клубот се обидува да ги продаде и веќе му поставил цена.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


На списокот се Мауро Икарди (проценета вредност од 22 милиони евра), Јулијан Дракслер (18 милиони), Лаивин Курзава (5 милиони), Абду Диало (18 милиони), Тило Керер (22 милиони), Леандро Паредес (17 милиони), Идриса Гај (12 милиони), Андер Ерера (10 милиони), Џорџино Вајналдум (18 милиони), Јуниор Дина Ебимбе (5 милиони) и Данило Переира (14 милиони). Серхио Рико (8 милиони), како и Сарабија и Рафиња кои можат да заминат без обештетување.

Проблем е фактот што не сите играчи се подготвени да си заминат од ПСЖ, што не е чудно ако се земат предвид високите плати кои ги имаат во Париз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…