ПСЖ ја започна потрагата по наследник на Килијан Мбапе, а прва желба е ѕвездата на Наполи, Квича Кварацхелија.
Кварацхелија беше вистинско откритие на Серија А минатата сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Светците“ се во потрага по фудбалер кој ќе биде замена за Килијан Мбапе, кој ова лето го напушта клубот како слободен агент.
Претставниците на ПСЖ стапиле во контакт со 23-годишниот крилен напаѓач и испратиле понуда тешка 100 милиони евра за неговиот потпис.
Наполи нема лесно да се откаже од Грузиецот, но ќе треба добро да размисли со оваа богата понуда.