Катарските сопственици на ПСЖ го губат трпението со Килијан Мбапе и се спремни да го продадат ова лето.
Мбапе недодамна писмено ги извести дека нема намера да го продолжува договорот кој му истекува во 2024 година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Французинот влезе во последната година од договорот, но ПСЖ не сака да го загуби без обештетување и му постави ултиматум, ако не стави потпис ќе оди на продажба.
Сопственикот Ал Тани постави цена од 200 милиони евра за првата ѕвезда на тимот, а ситуацијата внимателно ја следи Реал Мадрид.
„Кралевите“ се спремни да испратат понуда од 120 милиони евра и веруваат дека тоа ќе биде доволно да се комплетира трансферот.
🚨 PSG have set the price of Kylian Mbappé at €200m.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 22, 2023
Real Madrid are willing to offer €120m.
(Source: @elchiringuitotv) pic.twitter.com/GPyoZZ6Vzz