Дома Фудбал Останато ПСЖ го избра тренерот за следната сезона

ПСЖ го избра тренерот за следната сезона

Француските медиуми пренесуваат дека голема желба на претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи е на клупата на својот тим да го види Маимилиано Алегри.

Сопственикот на ПСЖ ја цени работата на Алегри и смета дека ќе биде полесно да се победи во Лигата на шампионите со него.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанецот во моментов е без ангажман после заминувањето од Јувентус, но веќе одби неколку понуди и најави дека ќе се врати дури следното лето.

Директорот на „светците“ Леонардо наводно веќе имал првични контакти со Алегри, кој дал „зелено светло“ за негово доаѓање во Париз.

Италијанските медиуми тврдат дека ПСЖ е спремен да му понуди 3-годишен договор „тежок“ 12 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Денеска може да биде голем ден за навивачот на Манчестер јунајтед кој чека да се шиша!

Четири натпревари од 26. коло на Премиер лигата ќе се одиграат вечерва со почеток во 20:30…