Дома Трансфер зона ПСЖ го губи трпението со Мбапе: Направија потег кој Реал Мадрид стрпливо го чекаше

ПСЖ го губи трпението со Мбапе: Направија потег кој Реал Мадрид стрпливо го чекаше

Килијан Мбапе се уште не донел одлука дали ќе потпиша нов договор со ПСЖ.

Мбапе со Парижаните има договор до летото 2022. година и тогаш како слободен играч може да го напушти клубот. Но, ПСЖ работи на тоа соработката да продолжи и целта е договорот да го продолжат до крајот на оваа сезона.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа, ситуацијата не е најдобра, иако преговорите помеѓу клубот и Мбапе траат веќе неколку месеци.

Le Parisien пренесува дека клубот го губи трпението бидејќи Мбапе се уште не прифатил нов договор иако му ги понудиле сите услови кои ги барал.

Многумина сметаа дека тоа значи дека Мбапе сака да го напушти клубот, а доколку не потпише договор се очекува ПСЖ да го стави на трансфер листа за да ја избегнат можноста по крајот на договорот да замине како слободен играч.

Медиумите во Франција пренесуваат дека ПСЖ е подготвен да ја намали цената за него и да го пушти да замине за цена помеѓу 120 и 150 милиони евра. Мбапе најмногу се поврзува со Реал Мадрид, а дали од следната сезона ќе го гледаме во кралскиот клуб останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Јувентус се вклучи во трката за Шешко

Голгетерот на Лајпциг Бенџамин Шешко беше еден од најбараните фудбалери на трансфер пазаро…