Флорентино Перез денес го „разгоре огнот“ со изјавата дека околу 1 јануари ќе има добри вести околу Килијан Мбапе.
Како што е познато Килијан Мбапе одбива да го продолжи договорот со ПСЖ, а медиумите тврдат дека веќе има договор со Реал Мадрид и во јануари ќе потпише преддоговор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На изјавата на Перез денес остро реагираше директорот на ПСЖ, кој истакна дека оваа ситуација повеќе не може да се толерира.
„Ајде да завршиме со ова. Последната изјава од Реал покажува недосток на почит кон ПСЖ и кон Мбапе. Тоа повеќе не можеме да го толерираме. Килијан е наш играч и клубот верува дека нашиот однос ќе потрае“, изјави Леонардо.
„Цела ситуација трае веќе две години. Преодниот рок е завршен, во Мадрид мораат да престанат, не смеат повеќе да се однесуваат на овој начин. Се тоа почажува недостаток на почит према ПСЖ“, додаде Леонардо.