Дома Фудбал Останато ПСВ – Галатасарај: Дерби во второто квалификациско коло на ЛШ

ПСВ – Галатасарај: Дерби во второто квалификациско коло на ЛШ

Откако завршија како вицешампиони во своите домашни лиги минатата сезона, поранешните стандардни учесници во Лигата на шампионите ПСВ Ајндховен и Галатасарај ќе бијат битка во квалификациите за лигата на шампиони во второто квалификациско коло.

Првиот меч се игра на стадионот „Филипс“ во Ајндховен, а победникот од двомечот ќе игра против подобриот од двомечот меѓу Селтик и Митјиланд во третото коло во август.

ПСВ и без најдобрите, повторно е фаворит

Тимот од Ајндховен спремен ќе ја започне овогодинешната европска кампања. И покрај тоа што иднината на Дензел Дамфрис и Дониел Мален е неизвесна и тие веројатно ќе заминат од ПСВ, тренерот Роџер Шмит мора да ги насочи мислите кон Лигата на Шампиони. Но тој нема да може да смета на овие двајца, кои се најдобрите во екипата.

Во пред-сезоната, клубот од Холандија славеше над РВДМ и Делбрукер пред да ремизира со Оснабрик, а потоа да го совлада ПАОК со 1:0 минатата среда. Иако ова беа само пријателски средби кои не мора да значат ништо, ПСВ беше импресивен против грчката екипа и покрај победата од само 1:0. Тие имаа неверојатни 26 удари кон голот, додека ја држеа топката во свој посет во поголемиот дел од натпреварот.

Шмит, во отсуство на Мален, во нападот ќе стартува со поранешниот капитен на младинскиот тим на Тотенхем, Нони Мадуеке како и израелскиот напаѓач Еран Захави. До нив ќе биде и Марио Геце, па јасно е дека ПСВ и без Мален има одлична офанзива.

Галата и Терим сакаат долга европска сезона

Како една од екипите која има најжестоки навивачи на континентот, неодамнешното отсуство на Галатасарај од Лигата на шампионите се совпадна со појавата на Ковид и натпревари зад затворени врати низ целиот свет.

Во групната фаза во 2019 година – тие не успеаја да ја минат групата во која беа и Реал Мадрид и ПСЖ. Но тренерот Фатих Терим сега ќе се обиде да ги повтори сезоните од 2014 и 2015 година, бидејќи навивачите конечно се враќаат на стадионите, а тоа е голема предност за нив. Сепак, сега ќе играат на гости, а целта ќе им биде да останат непоразени.

И Галатасарај требаше да има генералка против ПАОК, но откако пристигнаа во Грција, грчките власти ги вратија веднаш дома и мечот не беше одигран. Тоа беше шок за Терим и цела Турција, но Терим не жали премногу. Галата славеше со 4:2 над Кашимпаша и со 2:1 над Динамо Букурешт и изгледа спремно за дуелот со ПСВ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Aгуеро по трансферот во Барселона си купи ново „Ферари“ 📸

Искусниот аргентински напаѓач Серхио Агуеро стана нов член на Барселона и веднаш реши да с…