Во изминатата ноќ во НБА лигата беа одиграни седум натпревари.
После два порази во низа, актуелниот шампион Голден Стејт славеше гостинска победа против Атланта со резултат 128:111, одличен настап имаше водечкото трио на „Вориорси“. Кари постигна 30, Дурант 28, а Томпсон 27 поени, додека во тимот на Атланта најдобар беше Колинс со 24.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Денвер како гостин славеше против Торонто со 106:103, најмногу благодарение на Никола Јокиќ кој одигра уште еден одличен натпревар. Српскиот центар оствари трипл-дабл со 23 поени, 15 асистенции и 11 скокови за 35 минути поминати на теренот.
Во тимот на Торонто најефикасен беше Леонард со 27 поени, додека во Денвер се истакна и Мареј со 21 поен.
Најефикасниот меч беше одигран во Њу Орлеанс каде што Клиперси го победија домаќинот со 129:126. Победничкиот тим до овој триумф ги предводеше Харис со 27 поени, додека во Њу Орлеанс најрасположен беше Рендл со 37 и Холидеј со 32 поени, тој додаде и 14 асистенции.
Оклахома со резултат 103:83 беше подобра од Детроит (Адамс 21, Грифин 20, Вестбрук 18). Минесота го порази Хјустон 103:91 (Харден 29, Таунс 24), Вашингтон беше подобар од Њу Јорк Никси со 110:107 (Бил 27, Хардвеј 20), додека Бруклин на свој паркет изгуби од Кливленд со 99:97 (Расел 30, Кларксон 20).