Дома Фудбал Италија Пропуст или тактика? Рома казнета поради собирачите на топки

Пропуст или тактика? Рома казнета поради собирачите на топки

Екипата на Рома се соочува со казна поради пропуст во организацијата на римското дерби, ако тоа воопшто може да се нарече пропуст…

Актуелниот италијански вицешампион е казнет со симболични 2.500 евра поради тоа што собирачите на топки покрај аут линијата на биле премногу ажурни во последните десетина минути, па фудбалерите на Лацио сами мораа да трчаат по нив при изведувањето на аут или корнер.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Не би зачудувало ниту тоа доколку децата задолжени за оваа работа добиле такви инструкции, бидејќи познато е дека за победа во римското дерби не се бираат средства.

Рома на крајот славеше со 2:1 со головите на Пероти и Наинголан, па оваа казна сигурно нема тешко да им падне бидејќи победата во градското дерби секогаш е најслатка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Шок од Мадрид: Анчелоти заминува пред крајот на сезоната – Реал ќе плати клазула за неговиот наследник!

Карло Анчелоти дојде до крајот на својот мандат во Реал Мадрид! Скај Спорт ексклузивно обј…