Претходната сезона Премиер лигата ни понуди неверојатна борба за титулата до последното коло помеѓу Манчестер Сити и Ливерпул.
На крајот Граѓаните го одбранија трофејот со вкупно 98 освоени бода, додека Ливерпул заврши втор со еден бод помалку од Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Претходната сезона се зборуваше за тоа дека после последното коло доколку Сити и Ливерпул имаат ист број на бодови има можност да играат на неутрален терен натпревар за шампион на Англија.
Но, ФА ова лето воведе неколку промени и сега е потребно чудо за да гледаме на крајот од сезоната натпревар за првак на Англија. Во претходните сезони за тоа беше потребно клубовите да имаат исто бодови, иста гол разлика и ист број на постигнати погодоци, но сега е уште покомплицирано.
Да се одигра натпревар за првак на Англија сега е потребно клубовите да имаат ист број на бодови, исти бодови во меѓусебниот дуел, иста гол разлика и број на постигнати погодоци и ист број на голови на гостинските натпревари. Дури ако тоа биде се изедначено тогаш се игра дополнителен натпревар за титула.
Исто така, тоа не е единствената промена за новата сезона во ПЛ. Имено, клубовите за прв пат ќе имаат зимска пауза во траење од две недели.