Дома Фудбал Германија Продолжува љубовта меѓу Баерн и Левандовски: Напаѓачот потпиша нов договор

Продолжува љубовта меѓу Баерн и Левандовски: Напаѓачот потпиша нов договор

0

Баерн Минхен денес официјално потврди дека Роберт Левандовски ставил потпис на нов договор.

Левандовски јавно го повика раководството на клубот во послдните недели да го засили тимот, па Баварците донесоа две големи засилувања, Перишиќ од Интер и Кутињо од Барселона.

31-годишниот Левандовски е во Баерн од 2014 година и има договор до 2021 година, а сега ја продолжи верноста до 2023 година со Баварците.

„Имав многу аргументи за да потпишам нов договор. Од моја страна стануваше збор само за формалност. Одлично се чувствувам во Минхен и клубот има исти цели како и јас. Сакаме да освојуваме титули, особено Лигата на шампиони“, изјави Левандовски.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Слободни удари: Меси па – Коларов!

Александар Коларов дефинитивно е еден од најдобрите изведувачи на слободни удари во светот…