Дома Фудбал Останато Продолжува хаосот во Хајдук: Откажана прес-конференцијата дербито со Динамо

Продолжува хаосот во Хајдук: Откажана прес-конференцијата дербито со Динамо

Никако да се смират работите во сплитски Хајдук кој со големи очекувања влезе во новата сезона.

Прво се случи конфликтот помеѓу Иван Перишиќ и Џенаро Гатузо, па Хрватот беше исфрлен од тимот, а како последна ситуација отказ доби спортскиот директор Никола Калиниќ.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


По отказот Калиниќ јавно зборуваше за хаосот кој се случува на „Пољуд“, а дека работите не се во ред покажува и последниот потег на тренерот Гатузо.

Имено, италијанскиот стратег ја откажа прес-конференцијата за медиумите пред дербито со Динамо со објаснување дека на тимот му е потребен комплетен мир.

Место стандардната конференција, клубот ќе објави кратко снимен интервју со Гатузо како најава за средбата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Спектакуларен гол на стартот од сезоната: Погоди од половина терен (Видео)

Олимпија доживеа пораз од Копер со 1:3 на домашен терен во петтото коло од Првата словенск…