Дома Фудбал Провокација за Роналдо: Неговото заминување не се почувствува во Ла Лига, Меси е икона

Провокација за Роналдо: Неговото заминување не се почувствува во Ла Лига, Меси е икона

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас крена многу прашина со изјавата за Кристиано Роналдо кој пред две години од Реал Мадрид премина во Јувентус.

Роналдо и Лионел Меси сигурно беа најголеми ѕвезди на Ла Лига, но пре две години Португалецот одлучи кариерата да ја продолжи во Јувентус. Но, Тебас тврди дека тоа воопшто не се одразило на популарноста на Ла Лига.

Приказната за Ballon Twister: Се започнува со една идеја! ↓↓↓


„Сигурно дека на навивачите на Реал не им е сеедно што замина бидејќи тој привлекуваше многу внимание и луѓе на стадионите. Сепак, неговото заминувањње скоро и да не се почувствува за Ла Лига. Меси е друга приказна затоа што тој е најдобар играч во историјата и секогаш играл во Ла Лига“.

„Ако Меси замине сигурно тоа би се почувствувало на популарноста на Ла Лига. Меси е икона на шпанскиот фудбал и се надевам дека тука ќе ја заврши кариерата“, изјави Тебас.

Мадритски „АС“ пишува дека Роналдо сигурно ќе одговори на оваа провокација од Тебас со кого пред неколку години исто така имаше вербален конфликт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гвардиола го извади Грилиш од групата за Светското клупско првенство, играчот гледа кон излез

Менаџерот на Манчестер Сити, Жосеп Гвардиола, ќе го остави Џек Грилиш надвор од составот н…