Дома Македонски спорт Мак фудбал Провокации во Чаир: „Шверцери“ го прогласија Скопје за „срцето на Албанија“

Провокации во Чаир: „Шверцери“ го прогласија Скопје за „срцето на Албанија“

Во текот на вчерашниот ден во Чаир се играше дербито помеѓу Шкупи и Вардар, а на овој натпревар навивачите на Шкупи објавија провокативна парола.

На транспарентот кој го истакнаа тие го прогласија Скопје за срцето на Албанија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Аманетите ни се оставени, аманетот ќе го чуваме, срцето на Албанија, Скопје градот на историјата“, стоеше на нивната парола.

Денес на оваа тема прашање доби министерот за надворешни работу Бујар Османи кои изјави дека не видел за што станува збор.

„Не сум ги слушнал тие пораки. Секоја изјава која што предизвикува етничка нетолеранција е спротивна на законот“, политички се правдаше Османи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Вардар го совлада Охрид за „три од три“ во плејофот на Суперлигата

Ракометарите на Вардар забележаа значајна победа против тимот на Охрид во рамките на плејо…