Судот за спортска арбитража во Лозана ја оцени иницијативата на Манчестер Сити да се стопира нивниот случај за финансискиот фер-плеј како „неприфатлива“.
Сити се жалеше кај судските органи дека финансискоот Клупско контролно тело на УЕФА немало право да отвори случај против нив, но судот нивната жалба не ја прифати. Од Лозана стигна објаснување дека споменатот тело на УЕФА не одлучило каква би требало да биде казната доколку се потврди дека клубот од „Етихад“ е виновен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Жалба против одлука на сојуз, асоцијација или спортско тело може да поднесе ЦАС ако подносителот на жалбата ги исцрпел сите правни опции кои му биле достапни пред тоа во склад со статутите и прописите на тоа законско тело. Сега тоа не беше се случај“, се наведува во соопштението.
Сити сега ќе мора да го почека крајот на истрагата после што ќе се соочи со пресудата на УЕФА. Клубот ќе има право на жалба на секоја одлука која ќе биде донесена.
Доколку контролното тело потврди дека Сити ги прекршил правилата клубот би можел да биде казнет и со забрана за натпреварување во Лигата на шампионите.
УЕФА претходно отвори истрага против „граѓаните“ откако германски „Шпигл“ објави документи на кои се гледа како Сити ги лажирал мултимилионските спонзорски договори. Во извештаите се тврдеше дека во Сити тоа го направиле свесно со цел да останат во границиите на финансискиот фер-плеј.