Дома Македонски спорт Мак баскет Проблем за Бајиќ: Македонија остана без Младеновски за дуелот со Шпанија

Проблем за Бајиќ: Македонија остана без Младеновски за дуелот со Шпанија

Селекторот, Драган Бајиќ пред натпреварот со Шпанија во квалификациите за Светското првенство се соочува со проблеми.

Љубомир Младеновски како што стојат работите нема да може да помонге против силната селекција на Серџо Скариоло. Шпанија не е дојдена тука со најсилниот состав, но сепак е голем фаворит против нас. Младеновски пред овој натпревар има проблеми со стомачен вирус.

„Имам стомачен вирус и сериозни проблеми за нормален тренажен процес. Разговарав со селекторот и му се ставив на располагање, макар и со еден тренинг да помогнам против Шпанија. Сепак, за да ги заштитам соиграчите од вирусот селекторот препорача да мирувам и целосно да закрепнам. Доколку има и најмала можност да играм за мојата репрезентација, не би се двоумел и би го облекол дресот со државниот грб“, вели центарот на Пелистер.

Македонија и Шпанија ќе се сретнат во петок од 19:30 часот во „СЦ Јане Сандански“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Шишковски: Македонската јавност верува во нас затоа што ние докажавме дека можеме!

Македонија на стартот на јуни на ја очекуваат четири натпревари против Бугарија (2. јуни),…