Дома Фудбал Италија Проблем за Аталанта: Еден од најважните фудбалери падна на допинг тест

Проблем за Аталанта: Еден од најважните фудбалери падна на допинг тест

Италијанска Аталанта се соочува со сериозен проблем за новата сезона.

Имено, позитивен допинг тест добил дефанзивецот на овој клуб, Хозе Луис Паломино. Во минатата сезона Аргентинецот беше еден од најстандардните во составот на Гасперини, а во ситуација кога Демирал се врати во Јувентус се очекуваше Паломино да биде „командантот“ во одбраната.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Но, сега се појавија проблеми затоа што дефанзивецот бил позитивен на клостебол на антидопонг тестирањето на крајот од јули. Позитивниот тест на Паломино значи суспензија на која времетраењето ќе и биде утврдено преку дисциплинска постапка.

Медиумите во Италија веднаш потсетија дека последен кој бил фатен како позитивен на оваа супстанца бил Фабило Лусиони во 2017 година кога доби едногодишна суспензија додека настапуваше за Беневенто. Според тоа Аталанта изгледа ќе мора да ја одигра сезоната без овој одличен фудбалер.

Добро во целата ситуација е што барем преодниот рок е се уште отворен и клубот од Бергамо ќе има можност да доведе нов играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…