Вечерва на распоред е големото финале на Светското клупско првенство и во него Баерн Минхен ќе игра против Тигрес.
Пред овој меч од Доха пристигнуваат лоши вести, „Скај Спорт“ пренесува дека Томас Милер е позитивен на Ковид-19. Германецот играше еден час во полуфиналето од мечот со Ал-Ахли, а во финалето секако нема да игра. Ќе следат нови тестирања, но ситуацијата може да се искомплицира со враќањето во Германија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Одредбите на Германската влада се јасни, нема привилегија за спортистите – карантин од 10 дена за сите кои доаѓаат од ризичните земја (Катар не спаѓа тука). Сепак, ако тимот или поединец имал контакт со лице позитивно на Ковид работите се менуваат.
Финалето со Тигрес се игра од 19 часот, Баерн по враќањето го чекаат дуели со Аминија и Ајнтрахт во Бундеслигата, а на 23. февруари ќе се сретнат со Лацио во Лигата на шампионите.
Сега датумите на одигрувањето на овие натпревари се доведени во прашање.