Дома Фудбал Италија Проблеми за Интер: Санчез сериозно повреден!

Проблеми за Интер: Санчез сериозно повреден!

0

Напаѓачот на Интер и чилеанската репрезентација, Алексис Санчез заработи повреда на денешниот пријателски меч против Колумбија.

После деталните прегледи Чилеанскиот фудбалски сојуз соопшти дека Санчез ги повредил лигаментите на левиот скочен зглоб.

„Првичните прегледи покажаа дека Алексис Санчез има дислокација на скочниот зглоб. По враќањето во Милано врз него ќе бидат извршени детални прегледи, а не се исклучува можноста да мора да биде извршен и хируршки зафат“, соопштија од Федерацијата.

Санчез веќе заминал во Милано, а првичните прогнози се дека сигурно неколку месеци ќе отсуствува од терените.

Во најдобар случај Чилеанецот ќе се врати во тимот на Конте после Нова Година.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Фотографијата на Салах ги загрижи навивачите на Ливерпул

Moхамед Салах отпатува на припремите со репрезентацијата на Египет пред двата натпревари в…