Дома Фудбал Проблеми за Анчелоти пред „Ел Класико“: Повреден е и Бензема

Проблеми за Анчелоти пред „Ел Класико“: Повреден е и Бензема

Лидерот во шпанскиот шампионат Реал Мадрид во следното коло ќе ја пречека Барселона, а мечот е закажан за 20 март од 21 часот на „Сантијаго Бернабеу“.

„Кралевите“ се во победничка серија, исто како и каталонскиот гигант, па нè очекува возбудлив фудбал, но проблем за тренерот Карло Анчелоти е тоа што има неколку повредени фудбалери.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Анчелоти не може да смета на мечот против Барселона на Родриго, Ферланд Менди и Едер Милитао, а дополнителна главоболка е повредата на Бензема.

Доколку Бензема не се врати за мечот против Барселона, тогаш тоа би бил голем проблем за Анчелоти бидејќи францускиот напаѓач игра во одлична форма во последниот период.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Галатасарај му зададе тежок удар на Јувентус со четири гола во второто полувреме

Галатасарај доби одлична предност против Јувентус после првиот натпревар од плејофите на Л…