Дома Топ вести Пристигна неверојатна понуда за Ракитиќ – Барса спремна да каже ДА

Пристигна неверојатна понуда за Ракитиќ – Барса спремна да каже ДА

Веќе три дена каталонски „Спорт“ пренесува дека ПСЖ е сериозно заинтересиран за Иван Ракитиќ, а сега тврди дека „светците“ испратиле официјална понуда.

Имено, на адреса на Барселона пристигнала понуда „тешка“ 90 милони евра за хрватскиот репрезентативец.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Ракитиќ во Барселона заработува осум милиони евра по сезона, а ПСЖ наводно му нуди двојно повеќе. Поради тоа многу е веројатно дека тој, но и Барса нема да одбијат ваква понуда со оглед на фактот што Хрватот веќе има 30 години.

Ова е последна шанса за Ракитиќ да добие вака богат договор од еден европски клуб, додека за Барселона сумата од 90 милиони евра е прифатлива.

Откупната клаузула на хрватскиот фудбалер изнесува 125 милиони евра, а ПСЖ наводно нема намера да оди до таа сума, што би можело да биде проблем за „светците“ доколку Барса ја одбие понудата од 90 милиони евра.

Каталонците би можеле да имаат проблем да пронајдат замена, бидејќи трансфер пазарот се затвара за седим дена. Меѓутоа, ПСЖ е спремен да им го понуди Рабио на Каталонците, па двете страни би можеле лесно да постигнат договор за трампа со доплата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…