Дома Фудбал Англија Пристигна ‘најслатката’ честитка на Сити за освоената титула

Пристигна ‘најслатката’ честитка на Сити за освоената титула

Манчестер Сити вчера стана првак на Англија, откако градскиот ривал Манчестер Јунајтед беше поразен на домашен терен од ВБА со 1:0.

Изненадувачкиот пораз за Јунајтед на Сити му овозможи рано славје и математичка потврда на титулата првак на Англија. Пеп Гвардиола и неговите играчи успеаа оваа сезона да го покорат Островот, а од таборот на второпласираниот Јунајтед испратија честитка за титулата на градскиот ривал.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Честитки на Манчестер Сити за освојувањето на Премиер лигата, напиша Манчестер Јунајтед на Твитер и со тоа покажа големина.

На пет кола пред крајот Сити има 16 бодови пред Јунајтед, а целта на екипата на Мурињо е да остане на втората позиција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо ќе го сонува: Обамејанг го сруши Наср во 87. минута (Видео)

Екипата на Квадија направи мало изненадување во дуелот од 28. коло на лигата на Саудиска А…