Дома Фудбал Останато Прими 17 голови, но е најдобриот голман во групната фаза од Лигата на шампионите

Прими 17 голови, но е најдобриот голман во групната фаза од Лигата на шампионите

Голманот на Црвена Звезда, Милан Борјан е најдобриот голман во групната фаза од Лигата на шампионите според податоците на специјализираниот „ИнСтат“ кој се занимава со фудбалска статистика.

Ова е навистина интересен податок ако се знае дека чуварот на мрежата на белградскиот гигант прими 17 погодоци.

Од неколку парчиња пелени до успешен бизнис - Приказната за Балон Твистер ↓↓↓


Борјан просечно по натпревар имал три 100% одбранети шанси на силните ривали од групата – Пари Сен Жермен, Наполи и Ливерпул.

Противничките фудбалер во шест натпревари шутирале 63 пати во рамките од неговиот гол, па учинокот на голманот на Звезда добива на значење, посебно бидејќи два пати ја зачува својата мрежа недопрена (Наполи 0:0 и Ливерпул 2:0).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Квартет засилувања од 150 милиони за Чаби Алонсо

По разочарувачката сезона без освоен трофеј во која дополнително Барселона зададе четири б…