Дома Македонски спорт Мак фудбал Претседателот на ФФМ нападнат од маскирани лица: Поминав со лесно

Претседателот на ФФМ нападнат од маскирани лица: Поминав со лесно

Максирани лица синоќа го нападнале претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Муамед Сејдини во Скопје, објави „Алсат“

Информацијата за медиумот ја потврди и портпаролот на Федерацијата, кој откри дека Сејдини бил нападнат додека го напуштал ресторанот по работен состанок.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


„Во моментов не знам кој го изврши нападот. Бев во ресторанот и во моментот кога заминав на паркингот бев нападнат од три лица. Фала богу, лесно поминав. Се надевам дека органите на МВР и сите надлежни институции ќе преземат мерки за расветлување на случајот“, рече Сејдини.

Од МВР имаше потврда за инцидентот и објава дека се трага по сторителите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Нов успех на теквондистката Ведрана, освои златен медал

Нов голем успех оствари македонската таеквондистка Ведрана Тунески на меѓународната сцена,…