Дома Фудбал Aко Мбапе не потпише нов договор оди на трибини!?

Aко Мбапе не потпише нов договор оди на трибини!?

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе ова лето може да биде ѕвезда на летниот преоден рон бидејќи одби да го продолжи договорот со ПСЖ.

Мбапе веќе неколку сезони е еден од најдобрите играчи на ПСЖ, но очигледно е дека сака нов предизвик во кариерата. Овој млад напаѓач веќе неколку пати одби да го продолжи договорот со клубот кој му истекува следното лето.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


ПСЖ сака и натаму Мбапе да остане член на клубот и неколку пати му понудија продолжување на соработката, но тој тоа го одбиваше.

Се појавија шпекулации дека ПСЖ поради тоа може да го продаде напаѓачот, но сега француските медиуми пишуваат дека немаат намера да го стават Мбапе на трансфер листата.

Медиумите во Франција пишуваат дека челниците се лути што Мбапе одбива да потпише нов договор и наводнот му спремаат освета.

Наводно, претседателот на клубот одлучи на кој начин да го казни Мбапе доколку не сака да го продолжи договорот до почетокот на сезоната.

Имени, ПСЖ одлучиле Мбапе и за следната сезона биде во ростерот на екипата, но секој натпревар да го гледа од трибините, односно воопшто нема да добие шанса за игра без оглед на неговата важност во екипата.

На тој начин Мбапе ќе биде една година без фудбал, а наредното лето без обештетување може да го промени клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познати сите детали: Арсенал добива уште едно засилување!

Капитенот на Брентфорд, Кристијан Норгард, е новото засилување за Арсенал, според британск…