ПСЖ вчера го прокоцка водството од првиот натпревар против Реал Мадрид откако Бензема со хет-трик ги расплака парижаните и ги испрати во Франција со наведнати глави.
„Марка“ пишува дека Келаифи брзо по третиот гол на Реал Мадрид ја напуштил ложата, а по натпреварот влегол во соблекувалната на ПСЖ да се пресмета со судиите. Како што пренесува шпанскиот медиум тој им ја клоцнал опремата, а реагирало обезбедувањето да спречи поголем инцидент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Судиите во извештајот од натпреварот напишале дека Ал Келаифи дошол до нивната просторија се дерел и бил агресивен при што ја оштетил опрематан а еден од помошниците.
Во текстот се додава дека еден од тренерите на Реал го снимил дивеењето на Ал Келаифи и таа снимка ќе биде испратена до УЕФА.
По натпреварот на судењето се пожали и спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо.
„Имаше чист фаул над Донарума при првиот гол. Одлуката на ВАР не беше фер. Не можам дека технологијата не беше искористена и во овој случај. Не бараме оправдување за елиминацијата, ние секако ќе ја разгледаме“, изјави Леонардо.