Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола испрати јасна порака до Јувентус дека младиот напаѓач Муса Дембеле не е на продажба ова лето.
Јувентус е во потрага по централен напаѓач, па откако се намалија шансите за ангажман на Икарди, медиумите почнаа да ги поврзуваат „бјанконерите“ со Муса Дембеле.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Меѓутоа, од Лион категорично потврдија дека Дембеле не е на продажба и дека ќе ја одбијат секоја понуда која што ќе пристигне на нивна адреса ова лето.
„Лион не е заинтересиран за никакви понуди за Дембеле. Тој е еден од симболите на нашиот нов проект. Не ме интересираше понудата на Манчестер Јунајтед, како ни таа на Јувентус. Станува збор за принцип, Дембеле не е на продажба“, јасен беше Ола.