Дома Фудбал Лига на шампиони Претседателот на Лион: Ако Меси играше за нас се ќе беше поинаку

Претседателот на Лион: Ако Меси играше за нас се ќе беше поинаку

Претседателот на Лион Жан Мишел Аулас имаше интересен коментар после поразот од Барселона во Лигата на шампионите.

Првиот човек на францускиот ја критикуваше видео технологијата (ВАР) и смета дека неговиот тим е значително оштетен од главниот судија на натпреварот, Симон Марчинијак.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Прво го изгубивме голманот, а потоа против нас беше досуден оној смешен пенал. Луис Суарез симулираше, можеби и направи прекршок во напад и требаше да добие жолт картон“, изјави претседателот на Лион и продолжи:

„Барселона е силен тим, но натпреварот не требаше да заврши со овој резултат. Не сум некој фудбалски ескперт, само претседател на клуб од провинција, но бев убеден дека ќе и направиме проблем на Барселона кога постигнавме гол“, истакна Аулас.

На крајот даде уште еден интересен коментар.

„Ако Лионел Меси играше за нас, резултатот веројатно ќе беше поинаков“, додаде претседателот на Лион.

Барселона вчера едноставно беше пресилна. Каталонците славеа со 5:1 и така обезбедија место во четвртфиналето.

Барселона противникот во четвртфиналето каде што се уште Јувентус, Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Порто, Ајакс, Ливерпул и Манчестер Сити ќе го дознае утре на ждрепката која е закажана за во 12:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…