Гласините околу заминувањето на Нејмар од Пари Сен Жермен и враќањето во Барселона не се намалуваат.
Нејмар наводно не е среќен во Париз не му е онака како што очекувал. Неодамна големо внимание предизвика изјавата на потпретседателот на Барселона во која тврдеше дека Нејмар побарал да го вратат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Вистина е. Нејмар покажа желба да се врати во Барселона, но клубот се уште не ја разгледал оваа опција“, изјави Жорди Кардонер за „ЕСПН“ пред неколку дена.
По повод шпекулациите за Нејмар сега се огласи и претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас.
„Се надевам дека Нејмар нема да се врати во Барселона. Секогаш сакаме да ги имаме најдобрите играчи во нашата лига, но кога станува збор за Нејмар неговото однесување не е добро. Многу направивме за да создадеме вистински вредности во нашата лига и не сакаме еден поединец да ја менува таа слика. Можеби е фантасичен играч, меѓутоа неговото однесување го покажува и нашето лице“, порача Тебас.
Ќе потсетиме Нејмар кога ја напушти Барселона и потпиша за клубот од Париз стана најскап фудбалер во историјата на фудбалот со сума од 222 милиони евра, но може да се каже дека во ПСЖ баш и не ги оправда средствата вложени во него.