Нема засилувања без визија.
Беневенто во овој момент е најлошиот тим во Европа, барем кога во прашање се најсилните пет лиги.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
После 13 кола овој клуб е на чекор од враќање во Серија Б бидејќи не освои ниту еден бод, а гол разликата е по малку и срамна 6:33. Во таква ситуацијата многу клубови би се обиделе да доведат некое засилување, но не и Беневенто.
„Беневенто никогаш не може да се обвини дека не сака да купува, но не се победува на таков начин, не решение очајнички да трошиме пари. Се троши само кога имате јасна визија кого сакате да доведете. Во спротивно, подобро парите да ги донираме во Африка“, изјави претседателот на овој клуб Оресте Вигорито.