Дома Фудбал Претседателот на Атлетико го повика Меси: Дојди дома за Божиќ!

Претседателот на Атлетико го повика Меси: Дојди дома за Божиќ!

Eнрике Церезо претседателот на Атлетико Мадрид во интервју за „Ел Партиџано“ на едно од најслушаните радиа во Шпанија го повика Лео Меси во неговиот тим.

Капитенот на Барселона ова лето сакаше да го напушти клубот, но беше приморан да остане затоа што претседателот Бартомеу бараше за него да се плати клазулата од 700 милиони евра што не е реално.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меси остана, но Барселона ја напушти неговиот најдобар пријател Луис Суарез. Уругваецот кариерата ја продолжи во Атлетико Мадрид за кој дебитираше со два гола и асистенција за 22 минути поминати на теренот.

Церезо сега го повика и Меси доколку сака да им се придружи.

„Ако нешто многу го сакате тогаш се е можно…Ако Лео сака пак да игра со Суарез му го порачувам истото што се кажува за слатките од бадем: Дојди дома за Божиќ!“.

Да појасниме оваа порака на Церезо е цитат на Ел Алмендра, познат шпански произведувач на слатки од бадем кој е најмногу посетуван за Божиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Украина го прогласи за предавник, но судот му ги врати титулите на Тимошчук

Анатолиј Тимошчук доби статус на предавник во Украина иако беше фудбалска легенда на оваа …