Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов им ja честита победата и пласманот во Лигата на Европа на фудбалскиот клуб Вардар.
„Ви ја честитам победата, историскиот успех на екипата на ФК Вардар и пласманот во групната фаза од Лигата на Европа, што е најголемо постигнување за македонскиот клупски фудбал. Честитки до фудбалерите, целиот стручен штаб и до раководството на ФК Вардар. Вие со вашата мотивираност, дисциплина, желба и тимски дух покажавте дека може да се успее и да се совладаат најголемите предизвици. Вие сте позитивен пример за сегашните и идните генерации. После ракометарите и ракометарките на Вардар, повторно екипа која го носи ова славно име, ја обедини нацијата и спортската јавност. Сега слави цела Македонија. Напред Вардар!” се вели во честитката од претседателот Иванов.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот претседател вечерва во Охрид, заедно со учесниците на Школата за млади лидери, го проследи натпреварот меѓу ФК Вардар и Фенербахче.