Дома Топ вести Пресврт: Трајковски место во Спортинг може да заврши во еден од најголемите европски клубови!

Пресврт: Трајковски место во Спортинг може да заврши во еден од најголемите европски клубови!

0
trajkovski

Истиот новинар, Алфредо Педула која најави трансфер на Трајковски во Спортинг Лисабон, сега објави дека има пресврт во ситуацијата и Трајковски може да заврши во еден од најголемите клубови во Европа!

Имено, Педула и во оваа вест потврдува дека Трајковски има понуда од Спортинг Лисабон за договор на четири години, но и пишува дека Милан се вклучил во трката за македонскиот напаѓач.

„Претходно објавив дека Спортинг на Трајковски му понудил договор на четири години и дека сакаат брзо да ја завршат работата затоа што Бруно Фернандеш си заминува. Меѓутоа сега во последните моменти во трката за неговиот потпис влезе и Милан. Зошто? Трајковски е фудбалер надворо д ЕУ. Милан има две слободни места, но за да регистрира уште еден „неевропеец“ потребно му е да го пополни тимот и да добие место за операциите во следните преодни рокови. Ангажманот на Трајковски би им дал можност за други операции, освен тоа тој не е ниту скап“, објави Педула.

На крај тој додава дека до крајот на денот ќе се знае дали Трајковски ќе се реши за Милан или Спортинг.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Украина преку Португалија до пласман на ЕП, Роналдо и друштвото ќе се борат со Србија (ВИДЕО)

Вечерва на Олимпискиот стадион во Киев Украина ја пречека Португалија во натпревар од осмо…