Вчера на програмата беше закажан натпреварот од 20 коло во Првата македонска кошаркарска лига во Чаир помеѓу екипите на Чаир 2030 и МЗТ Скопје Аеродром.
Овој меч во салата „Шабан Трстена“ не го доживеа својот крај, дојде до прекин при резултат 42:44 водство за „металците“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
КК МЗТ Скопје Аеродром ја информираше јавноста дека до прекинот дојде по нападот на неофијалница лица врз тренерите и кошаркарите во соблекувалната на актуелниот шампион.
– Натпреварот на гостински терен кај КК Чаир 2030 е прекинат по нападот на неофицијални лица врз нашите тренери и кошаркари во соблекувалната за време на полувремето.
Во моментов најважно е здравјето и безбедноста на нашите момци, а повеќе детали за инцидентот очекуваме во текот на утрешниот ден! – се вели во краткото соопштение на КК МЗТ Скопје Аеродром.