Дома Останати Тенис Пред 10 години Ѓоковиќ го доживеа поразот кој можеше да значи крај на неговата кариера (ВИДЕО)

Пред 10 години Ѓоковиќ го доживеа поразот кој можеше да значи крај на неговата кариера (ВИДЕО)

Пред точно 10 години Новак Ѓоковиќ доживеа пораз поради кој можеше да ја заврши кариерата, тоа беше сигурно неговиот најболен пораз.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се играше четвртфиналето на Ролан Гарос, Ноле имаше водство од 2:0 против Австриецот Јирген Мелцер и изгледаше дека лесно ќе ја заврши работата. Сепак, на големо изненадување на спортската јавност Мелцер со неверојатен пресврт го победи Ѓоковиќ.

Неодамна сопругата Јелена јавно зборуваше дека Ѓоковиќ сериозно размислувал да стави крај на кариерата, дури тоа го кажал на сите во неговиот тим.

За среќа на неговите фанови Ѓоковиќ го надмина кризниот период и по паузата се врати на терените и следуваа години во кои доминираше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ емотивно му честиташе на Зверев: Кога ги видов твоите солзи…

Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, срдечно му честиташе на Александар Зверев…