
Најдобриот тенисер во историјата, Новак Ѓоковиќ, срдечно му честиташе на Александар Зверев за освоената титула на Ролан Гарос.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Ѓоковиќ континуирано ја покажува својата големина не само на теренот, а овој пат уште еднаш докажа дека со своите колеги има исклучителни односи, нешто ретко за овој спорт.
Посебно ја нагласи и на нивната семејна поврзаност, обраќајќи му се со „брате“ – покажувајќи ја словенската близина и руското потекло на Зверев.
„Саша, те знам од кога имаше 10 години. Трениравме заедно на терените кога мојот најмал брат беше твој противник, додека јас се натпреварував со твојот постар брат Миша на големата сцена, како во јуниорска, така и во професионална конкуренција. Седум години развиваме почит и пријателство со целото твое семејство. Разговаравме за тениска тактика, стратегии во натпреварите, животот, семејството и бизнисот. Имавме одлично време на теренот и надвор од него. Знаењето за тоа што си морал да минеш поради твојата болест од детството, победувањето на најголемите ментални пречки и одбивањето на критиките дека никогаш нема да освоиш Гренд слем, ја прават оваа победа уште порадосна и незаборавна. Кога ги видов радосните солзи што ги испушти заедно со родителите, брат ти и останатите членови на тимот, бев длабоко трогнат. Среќен сум за твојот успех и целосно заслужуваш овој триумф зашто вложи огромен труд во се што правеше. Радувај се и честитки, млад брате“, напиша Ѓоковиќ.