Дома Фудбал Останато Пред точно седум години: „Канибал“ по втор пат се разбуди во Суарез (ВИДЕО)

Пред точно седум години: „Канибал“ по втор пат се разбуди во Суарез (ВИДЕО)

Пред точно седум години во одличен и драматичен натпревар на „Енфилд“ Ливерпул и Челзи одиграа без победник 2:2, домаќините изедначија со голот во шестата минута од судиското продолжение кој беше дело на Луис Суарез.

Уругвајскиот напаѓач во тој натпревар во центарот на вниманието се најде и во 69. Минута кога во гужвата во казнетиот простор го гризна Бранислав Ивановиќ.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Судиите не го забележаа тој неспортски потег, меѓутоа поради големиот број камери тој јасно можеше да се види.

Суарез слична глупост направи и во 2010 година кога во дресот на Ајакс го гризна играчот на ПСВ Отман Бакала. Уругваецот тогаш беше казнет со седум натпревари, а холандските медиуми му го дадоа прекарот „канибал“.

Помеѓу овие два гриза Суарез на Светското првенство во Бразил за рамото го гризна Џорџо Киелини, ФИФА не му го прости тој потег и му даде забрана од четири месеци, таа година потпиша и за Барселона.

Сите три гриза на Суарез

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…