Дома Македонски спорт Прволигашката репрезентација денес на силен тест против Саудиска Арабија

Прволигашката репрезентација денес на силен тест против Саудиска Арабија

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски денес ќе ги тестира квалитетите на фудбалерите од домашното првенство.

Македонија ќе игра контролен натпревар против Саудиска Арабија во Абу Даби. Во термин кој не во календарот на ФИФА и УЕФА, фудбалерите од ПМФЛ ќе добија прилика да се докажат пред селекторот во националниот дрес. Саудиска Арабија е квалитетена репрезентација, доказ за тоа е и нивното учество на претстојниот Мундијал во Катар.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Единствените двајца кои не се дел од македонското првенство на списокот на Милевски се Дарко Велоковски и Кристијан Тошевски. Мартин Стојанов се повреди непосредно пред патувањето.

Фудбалерите веќе одработија два тренинзи во Абу Даби и денес ги чека натпреварот во терминот од 16:30 часот.

„Ја анализиравме селекцијата на Саудиска Арабија, иако со оглед на тоа дека мечот е од затворен тип, или тренинг натпревар, ќе има многу промени и шанса ќе добијат веројатно сите фудбалери. Акцентот го ставаме на нашата игра и можноста да ги исполниме тактичките замисли. Работиме добро на подготовките и утре треба сите да се увериме дека можеме да ја постигнеме целта. Против репрезентација која е учесник на Светското првенство мораме да бидеме и компактни и агресивни, но и трпеливо да ја бараме својата шанса“, изјави Милевски пред овој дуел.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

ПСЖ задоцни еден ден, 55 милиони евра се поблиску до Мбапе

КИЛИЈАН МБАПЕ треба да ја зголеми својата банкарска сметка за 55 милиони евра, сума за кој…