Дома Фудбал Останато Првиот ефект од обвинувањата: ФИФА 19 го „избриша“ Роналдо (ФОТО)

Првиот ефект од обвинувањата: ФИФА 19 го „избриша“ Роналдо (ФОТО)

Иако Кристиано Роналдо цврсти ги отфрла сите обвинувања за силувања на Кетрин Мајорга, поради целиот скандал се огласија и неговите спонзори, „ЕА Спортс“ и „Најк“ кои истакнаа загрижување.

После истакнувањето загриженост од „ЕА Спортс“ изгледа и го превземаа првиот чекор.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Издавачката куќа „Електроник Артс“ на својот официјален Твитер профил на ФИФА ги отстрани сите слики со Кристиано Роналдо иако тој е заштитно лице на играта.

Отстранувањето на ликот на Роналдо од друштвените мрежи е јасна порака.

„ЕА Спортс“ будно ја следи ситуацијата, а својот потег го оправдуваат со објаснување дека ги следат само маркетиншките трендови. Роналдо веќе втора година е заштитно лице на ФИФА и централна фигура во сите маркетинг акции.

Доколку дојде до тоа „Електроник Артс“ во целост да се огради од Роналдо, тоа би можело скапо да го платат, но реално и немаат премногу избор. ФИФА 18 е продадена во 24 милиони примероци, а ФИФА 19 е на добар пат. Го осудат ли Роналдо, тоа би значело дека на секоја копија на играта се наоѓа силувач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Светското клупско првенство е апсурдно, смета директорот на Ла Лига

Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, повторно ја нападна ФИФА поради Светското клупско …