Освен изненадувања во женска конкуренција каде што беше елиминирана втората носителка Наоми Осака, изненадувања видовме и во машка конкуренција.
Шестиот носител на Вимблдон и петти играч на АТП листата Александар Зверев сензационално испадна во првото коло.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германецот изгуби со 4:6, 6:3, 6:2 и 7:5 од Чехот, Јири Весели кој е 124-ти на АТП листата.
Работата добро тргна за Заверев кој направи брејк во првиот сет, а проблемите се појавија во вториот кога во седмиот гем изгуби сервис, па подоцна и уште еднаш за изедначување на 1:1 во сетови. Шокираниот Зверев на почетокот на третиот сет го изгуби и третиот сервис гем во низа, н при водство на Весели од 4:2 имаше голема прилика. Германецот стигна до 0:40, но Весели ги спаси сите три брејк топки и направиј брејк за6:2. Имаше Зверев 15:40 и уште една брејк топка при резултат 2:2 во четвртиот сет, но Чехот и тоа го спаси и дојде до брејк за конечни 7:5.
Сензација направи и Италијанецот Томас Фабиано кој во пет сетови го елиминираше Стефанос Циципас (6:4, 3:6, 6:4, 6:7, 6:3).