Дома Фудбал Италија Првата изјава на Роналдо откако го „скрши мразот“ во Серија А

Првата изјава на Роналдо откако го „скрши мразот“ во Серија А

Кристиано Роналдо денес со два гола му донесе победа на Јувентус во натпреварот Сасуоло, за Роналдо ова беа првите два погодоци во италијанската Серија А.

Португалецот денес погодуваше во 50-тата и 65-тата минута, а после натпреварот призна дека за него ова значело големо олеснување.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Среќен сум поради победата и головите. Навистина сакав да ги постигнавм првите голови оваа сезона и признавам дека бев малку неровзен. Не постигнав гол во првите три натпревари, но работев добро и знаев дека само прашање на време е кога ќе дојде првиот гол“.

„Добро се прилагодив на италијанскиот фудбал. Навивачите од мене имаат големи очекувања и мислам дека ќе ги оправдам“, изјави Роналдо.

Јувентус веќе во среда ја започнува Лигата на шампионите со натпреварот против Валенсија.

„Тоа е моето омилено натпреварување. Имаме тешка група, но мораме да се сконцентрираме на себе. Ако ние бидеме на нивото, нема да имаме проблеми“, заклучи Португалецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На повидок голема размена: Влаховиќ може да заврши во Премиер лигата!

Фудбалскиот клуб Јувентус има намера по секоја цена да го доведе Џејдон Санчо, а познатиот…