Дома Останати Авто Мото По соопштението на АМС повторно се огласи Иџе: Ајде да ги соочиме аргументите!

По соопштението на АМС повторно се огласи Иџе: Ајде да ги соочиме аргументите!

Од вчера започна отворена „војна“ помеѓу најдобриот македонски автомоболист, Игор Иџе Стефановски и Агенцијата за млади и спорт.

Прво вчера наутро, Иџе со соопштение преку социјалните мрежи обвини дека бил заборавен од АМС. Потоа следуваше објаснување од АМС дека Иџе од буџетот за 2018 година добил 8.5 милиони денари, а за 2019 година му бил доделен ваучер од 500.000 денари.

По ова соопштение на АМС, Иџе повторно се огласи и ги демантираше таквите тврдења. Освен тој ги повика луѓето во АМС на дуел да ги соочат аргументите.

“Јас сум спортист и секогаш сакам фер игра. Би сакал да нагласам дека неточен е податокот дека во 2018 година од буџетот на АМС ми биле доделени 8,5 милиони денари, исто како што е целосна невистина тврдењето дека во 2019 година ми бил доделен ваучер во износ од 500.000 денари.

Уште поразочарувачки и тенденциозно делува напишаниот факт дека од 2018 година ми се исплаќал паричен надоместок за стекната категорија – стипендија од Светска категорија во висина од 2 просечни плати, небаре станува збор за награда која АМС ми ја доделува тукутака, а не е тоа легално стекната стипендија врз основа на постигнати резултати на меѓународен спортски план.

Како и да е, деновиве ќе имам прес-конференција на која ќе ги обелоденам сите информации за оваа натпреварувачка сезона и за односот на АМС кон мене и мојот тим во изминатава година, а за да нема никакви заблуди и ширење на ноторни невистини јавно ги поканувам челниците и одговорните во АМС да присуствуваат на овој прес и лично да ги соочиме аргументите“, стои во соопштенито на Иџе.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Сите клубови да ги повлечат дресовите 8 и 24 и Коби да се стави на логото на НБА!

Коби Брајант е единствениот во историјата кој во еден клуб Пензионирал два броја. Првите 1…