Дома Фудбал Останато По победата над леукемијата Михајловиќ го чека потпис на нов договор!

По победата над леукемијата Михајловиќ го чека потпис на нов договор!

Зад Синиша Михајловиќ е можеби најтешкиот период во животот, успеа да се избори со леукемијата, но потоа следуваше пандемијата со коронавирусот.

Панемијата го стопираше целиот свет, така и спортот, но во Болоња немаат дилеми кога во прашање се долгорочните планови на клубот.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Челниците на клубот од „Ренато Далара“ сакаат да го продолжат договорот со Михајловиќ бидејќи актуелниот му истекува летото 2022 година.

Според најавите на извршниот директор на Болоња, Клаудио Фенучи српскиот тренер уште сега го чека нов договор.

„Би сакале таков расплет на ситуацијата, долгорочна соработка со Михајловиќ е наша желба. Имаме планови со него, сакаме да работиме заедно. Претходно тој нас ни порача дека сака да остане. Ќе видиме дали наскоро ќе имаме прилика да ја завршиме таа работа“, изјави Фенучи.

Болоња во овој момент се наоѓа на 10. место во Серија А со 34 бодови, Михајловиќ минатата сезона обезбеди опстанок иако стигна кога клубот беше во тешка стиауција, додека сега и излегување во Европа не е невозможна мисија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …