Конфликтот помеѓу Мурињо и Поба трае веќе некое време, а поради тоа Французинот и се пресели на клупата. Се разбира, покрај бледите партии.
Англиските весници тврдат дека споменатите двајца воошто не комуницираат, особено откако што Погба беше на клупата на последните два натпревари. Кулминацијата на конфликтот се случи откако што Манчестер Јунајтед отпадна од ЛШ од Севиља, а во тој натпревар Погба влезе во второто полувреме и не направи апсолутно ништо, иако се очекуваше многу од тоа.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Поради тоа, се најде и на удар на навивачите, кои веќе некое време не се задоволни од неговиот однос спрема дресот на „Црвените ѓаволи“. Токму поради тоа, Португалецот го изостави во натпреварот во ФА Купот против Брајтон. Јунајтед победи со 2:0, а Погба целиот натпревар го гледаше од клупата, што очигледно не му се допадна и нема во план да зборува со Мурињо.
Мино Раиола наводно е во контакт со едни од најдобрите клубови во светот кои го сакаат Погба во своите редови и трпеливо го чекаат расплетот од ситуацијата. Дидие Дешамп неодамна изјави дека сите овие случувања тешко му паѓаат на Погба и дека се надева дека ќе излезе од нив. Потсетуваме, Погба е платен дури 105 милиони евра, а клубот од „Олд Трафорд“ сигурно дека ќе сака да ги врати парите вложени во него.