Дома Фудбал Англија Потер: Сакаме победа против Милан, Леао е импресивен

Потер: Сакаме победа против Милан, Леао е импресивен

Тренерот на Челзи, Грем Потер знае дека нема да биде лесно против Милан во Лигата на шампиони, но неговиот тим се наоѓа пред императив победа.

Потер истакна дека целта се трите бода, а посебно го пофали Рафаел Леао, кој е најголема опасност за „сините“.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


„Играме против одличен тим со различен начин на игра. Милан е топ тим и треба да бидеме многу добри за да ја постигнеме целта, а тоа се трите бода. Важно е да победуваме дома, но сега играме против италијанскиот шампион и потребна е одлична атмосфера“, изјави Потер.

„Жиру е играч кој сите во Челзи добро го познаваат. Тој е врвен напаѓач. Леао пак е импресивен фудбалер, кој прави разлика. Игра на највисоко ниво и сметам дека би правел разлика и во Премиер лигата“, додаде Потер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Синот на Ибрахимовиќ повикан во репрезентацијата на Шведска

Maксимилијан Ибрахимовиќ, 18-годишниот син на Златан Ибрахимовиќ за првпат доби повик во ј…