Дома Фудбал Останато Потенцијален проблем за Јувентус: УЕФА ќе го истражува трансферот на Роналдо

Потенцијален проблем за Јувентус: УЕФА ќе го истражува трансферот на Роналдо

ronaldo

Европската фудбалска унија (УЕФА) ќе го истражува најголемиот трансфер во изминатото лето!

Имено, ова лето Кристиано Роналдо одлучи да го напушти Реал Мадрид и за сума поголема од 100 милиони евра да се пресели во редовите на италијанскиот шампион.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Токму овој трансфер ќе биде предмет на истрага на УЕФА.

Покрај огромната оштета, Роналдо во Торино ќе добива плата од 30 милиони евра.

Причината поради која од УЕФА се одлучија да го истражуваат трансфер на Португалецот е финансискиот фер-плеј, односно дали Јувентус ги почитувал правилата.

Сепак, во италијанските медиуми преовладува мислењето дека Јувентус ќе помине неказнето, а за споредба го посочуваат ПСЖ кој потроши многу повеќе од „старата дама“ во изминатите години и поминуваше со „благи“ казни.

Ќе потсетиме, Роналдо со Јувентус потпиша договор на четири години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов голем успех за таеквондото во Македонија: Христијан Симоновски освои бронза!

Христијан Симоновски член на Македонската Таеквондо репрезентација, член на ТК Младост вче…