Дома Останати Потврди и првиот човек на УФЦ: Мекгрегор побара реванш!

Потврди и првиот човек на УФЦ: Мекгрегор побара реванш!

Конор Мекгрегор изгуби од Кабиб Нурмагомедов во најголемата борба во историјата на УФЦ.

Кабиб го натера да се предаде со „гушење“. Во текот на вчерашниот ден се појавија гласини од извори блиску на првиот човек на УФЦ, Дан Вајт дека Ирецот му се јавил и побарал реванш.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Сега стигна и потврдата од самиот Вајт!

Сепак, тој потенцираше дека прво ќе мора да се види каква ќе биде казната за Нурмагомедов.

„Кабиб ќе мора да се појави пред атлетската комисија на Невада и ќе видиме како сето тоа ќе заврши. Конор веќе ме побара и ми кажа дека сака реванш. Тоа е она што тој го бара, но треба да почекаме се да се заврши (случајот со Кабиб)“, изјави Вајт.

Мекгрегор реваншот го најави и преку својот Инстаграм профил.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…