Дома Топ вести Потврдено: Црвена Звезда го сака Несторовски!

Потврдено: Црвена Звезда го сака Несторовски!

0

Од наредната сезона многу веројатно е дека Илија Несторовски нема да го носи дресот на Палермо.

Палермо оваа сезона не успеа да се пласира помеѓу најдобрите во Серија А, а поради лошото финансиско работење на раководството овој клуб прво беше исфрлен во Серија Ц, за потоа таа одлука да се поништи. Палермо ќе биде дел од Серија Б и во новата сезона, но ќе започне со минус 20 бодови.

Поради таквата ситуација играчите за кои постои интерес клубот од Сицилија тешко ќе ги задржи, а помеѓу нив е и Несторовски. За македонскиот напаѓач постои интерес од клубови во Серија А, но и од Црвена Звезда.

Дека навистина Звезда се распрашувала за Несторовски потврди и директорот на клубот, Фабрисио Лучези.

„Точно е дека Црвена Звезда го сака Несторовски, но за него интерес покажаа и други европски клубови. Ние нема да го дадеме лесно“, изјави Лучези за „Кориере дело Спорт“.

Според она што може да се прочита низ медиумите во Италија Палермо ќе го ослободи Несторовски за сума од околу седум милиони евра.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Малдини потврди: Овие двајца ќе го напуштат Милан до крајот на преодниот рок

Се ближи почетокот на првенството во италијанската Серија А, а во Милано се уште не ги скл…