Дома Фудбал Репрезентации Потврдено: Холандија останува без селектор

Потврдено: Холандија останува без селектор

Селекторот на репрезентацијата на Холандија, Дик Адвокат и по трет пат во кариерата ќе го напушти кормилото на оваа репрезентација и тоа после само шест месеци.

Адвокат потврди дека нема да го продолжи договорот со Фудбалскиот сојуз на Холандија по истекот на крајот од месецот после пријателските средби со Шкотска и Романија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Пред мене се последните две натпревари, ја напуштам репрезентација. Не сум преговарал со други клубови. Размислувам само за овие два натпревари, а потоа ќе видиме што ќе правиме понатаму. Моето мото е како она на Луис Ван Гал, никогаш не вели никогаш“, изјави Адвокат.

Тој во мај го наследи отпуштениот Дани Блинд, но со четири натпревари од пет средби не успеа да ја одведе Холандија на Мундијалот во Русија.

Во својата долга кариера, Адвокат работеше како тренер на Белгија, Јужна Кореа, Русија, ОАЕ, додека кога се клубовите во прашање тој беше тренер на ПСВ, Глазгов, Борусија Менхенгладбах и Сандерленд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул ќе излезе на пазарот – Опцијата е една

И покрај потрошените 450.000.000 евра во текот на летото, Ливерпул, изгледа, ќе мора допол…